Поранешната директорка на гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“, Артана Асани, ќе ја продолжи постапката во куќен притвор, откако Основниот суд во Гостивар ја замени претходно определената мерка притвор.
Постапката против Асани продолжува во рамки на истрагата поврзана со случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар.
Асани беше уапсена во јули годинава заедно со уште двајца раководители во претпријатието, по што на сите им беше определена мерка притвор. Мерката подоцна беше продолжена, а одбраната побара нејзина замена со поблага мерка – куќен притвор.
Со новата одлука на судот, Асани ќе биде во домашни услови, но ќе мора да ги почитува ограничувањата и обврските што ги определил судот.
Истрагата за случајот продолжува, а надлежните органи треба да утврдат целосно дали постои одговорност за настаните поврзани со квалитетот на водата за пиење во Гостивар.
