Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Смртоносен вирус ја крева глобалната здравствена тревога
    Свет

    Смртоносен вирус ја крева глобалната здравствена тревога

    26/01/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Здравствените власти во Индија воведоа вонредни мерки по појавата на ново жариште на вирусот Нипа – ретка, но исклучително опасна вирусна инфекција што се пренесува од животни на луѓе и има исклучително висока стапка на смртност. Според официјални и медиумски извештаи, досега се потврдени пет случаи на зараза во поширокиот регион на Калкута, додека речиси сто лица се ставени под медицински надзор поради потенцијален контакт со инфицирани лица.

    Вирусот Нипа е на листата на приоритетни патогени на Светската здравствена организација, поради ризикот од епидемиско ширење и тешката клиничка слика. Првпат бил регистриран во 1999 година во Малезија и Сингапур, а во изминатите години повремено предизвикува епидемии во Јужна и Источна Азија. Индија, особено државата Керала, со години се соочува со повторливи појави на овој вирус.

    Според досегашните сознанија, актуелната епидемија започнала во приватната мултиспецијалистичка болница „Нарајана“ во Барасат, населено место лоцирано околу 25 километри северно од Калкута. Првите заразени биле здравствени работници – медицинска сестра и лабораториски техничар. Состојбата на медицинската сестра е критична и таа се наоѓа во кома. Во наредните денови биле потврдени уште три случаи, меѓу кои и еден лекар.

    Инфекцијата најчесто започнува со симптоми слични на грип, како покачена температура, главоболка, болки во мускулите и повраќање, но може брзо да напредува во тешки компликации, вклучително и воспаление на белите дробови или мозокот. Во најтешките случаи, состојбата на пациентите може нагло да се влоши во рок од еден до два дена. Во моментов не постои специфична терапија, ниту одобрена вакцина против вирусот Нипа.

    Преносот на вирусот најчесто се поврзува со контаминирана храна, особено суров палмин сок кој може да биде загаден од овошни лилјаци – природниот резервоар на вирусот. Забележани се и случаи на пренос од човек на човек, најчесто во болнички услови, како и директен контакт со заразени животни.

    Индиските здравствени служби спроведуваат масовно следење на контактите. Околу 180 лица се тестирани, а дваесет лица со висок ризик се ставени во строг карантин. Целта е навремено изолирање на случаите и спречување на понатамошно ширење на заразата.

    Епидемиолозите предупредуваат дека вирусот Нипа претставува сериозна закана на глобално ниво, токму поради комбинацијата од висока смртност и можност за меѓучовечко пренесување. Со зголемениот контакт меѓу луѓето и дивите животни, ризикот од нови епидемии останува висок.

    Светската здравствена организација и други меѓународни тела со години апелираат за забрзан развој на вакцини и терапии. Иако неколку вакцинални кандидати се во клиничка фаза, засега нема решение за широка примена.

    Додека властите се обидуваат да ја стават состојбата под контрола, граѓаните се повикуваат на зголемена претпазливост, избегнување контакт со лилјаци, неконсумирање суров палмин сок и ограничување на движењето во подрачјата каде се пријавени случаи. Загриженоста од пошироко ширење и натаму останува, бидејќи вирусот Нипа се смета за еден од најопасните патогени без ефикасен лек.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Потона траект со 350 патници на Филипини, 15 загинати, триесетина исчезнати

    Потона траект со 350 патници на Филипини, 15 загинати, триесетина исчезнати

    Венецуела ослободи нови 100 политички затвореници, се проценува дека уште околу 800 се по затворите

    Венецуела ослободи нови 100 политички затвореници, се проценува дека уште околу 800 се по затворите

    Опасна зимска бура во САД, половина од сојузните држави прогласија вонредна состојба

    Опасна зимска бура во САД, половина од сојузните држави прогласија вонредна состојба

    Бугарски автобус со 21 патник целосно изгоре, избегната голема трагедија

    Бугарски автобус со 21 патник целосно изгоре, избегната голема трагедија

    Вучиќ за делегацијата од ЕП вели дека била составена од неважни луѓе, но дека Србија останува на европскиот пат

    Вучиќ за делегацијата од ЕП вели дека била составена од неважни луѓе, но дека Србија останува на европскиот пат

    Експлозија и пожар во фабрика во Грција: Загинаа најмалку четири лица

    Експлозија и пожар во фабрика во Грција: Загинаа најмалку четири лица

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Потона траект со 350 патници на Филипини, 15 загинати, триесетина исчезнати

    26/01/2026

    Венецуела ослободи нови 100 политички затвореници, се проценува дека уште околу 800 се по затворите

    26/01/2026

    Опасна зимска бура во САД, половина од сојузните држави прогласија вонредна состојба

    26/01/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети

    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.