Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Синоќа на маил ми стигна од МВР опомена за пребрзо возење, е вака ќе се воведе ред на улиците
    Република

    Синоќа на маил ми стигна од МВР опомена за пребрзо возење, е вака ќе се воведе ред на улиците

    01/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Цел ден на разни места низ Скопје стручни екипи домонтираат или оспособуваат камери кои ќе ловат несовесни возачи. Од синоќа голем дел од камерите почнаа активно да снимаат, односно почна да работи системот „Сејф сити”. Самото почнување да снимаат ја започна и постапката на МВР до возачите преклу меил или СМС порака да испраќа опомени за прекршоци кои ги уловиле камерите.

    Скопјанец утрово ни испрати таков полициски записник коментирајќи:

    -Синоќа се враќав од Петровец и кога влегов дома во Аеродром видов дека на електронска пошта ми стигна записник дека сум сторил прекршок пред само 20-тина минути. Беше точно наведено местото на влезот во Скопје како и точното време кога сум возел со брзина од 63 километри на час на место каде е дозволено 50, ни објасни аеродромецот додавајќи дека во записникот уредно биле напишани сите податоци од возилото, која камера го сторила снимањето на прекршокот и кога сета таа апаратура била баждарена.

    Во документот стои дека возачот е казнет со 45 евра, но јасно е напишано со големи букви дека овој пат се работи само за опомена.

    -Пофалби за брзината и точноста на полициската активност, браво за ова. Го поддржувам овој начин на воведување ред во сообраќајот и од денес многу повеќе ќе внимавам, ни напиша аеродромецот.

    Инаку, системот „Безбеден град, безбедна држава” автоматски ги регистрира прекршоците во сообраќајот и веднаш ги санкционира прекршителите. Тест-периодот, како што најавија од МВР ќе трае до Нова година, а со почетокот на 2026 година почнува пишувањето на казни.

    Засега системот ќе регистрира – снима пречекорена брзина, минување на црвено светло, возење без важечка сообраќајна дозвола и непрописно паркирање и тоа не само во Скопје, за почеток и во Тетово и Куманово.

    Суштината на проектот е да се воведе затворен круг – од снимање до казна – во кој човечкиот фактор е сведен на минимум, а процедурите се јасни и лесно следливи.

    Поврзани вести:

    Засилени контроли на Државниот пазарен инспекторат во пресрет на новогодишните празниц

    Засилени контроли на Државниот пазарен инспекторат во пресрет на новогодишните празниц

    Протест на пензионерите пред Уставниот суд: Не за џабе велат ситиот не му верува на гладниот

    Протест на пензионерите пред Уставниот суд: Не за џабе велат ситиот не му верува на гладниот

    Засилени акции: Kонтрола во угостителски објект во Свети Николе, затекнати 26 малолетници после 24:00 часот – 14 под дејство на алкохол

    Засилени акции: Kонтрола во угостителски објект во Свети Николе, затекнати 26 малолетници после 24:00 часот – 14 под дејство на алкохол

    Во прекин сообраќајот на ГП Дојран од грчка страна поради протест на земјоделци

    Во прекин сообраќајот на ГП Дојран од грчка страна поради протест на земјоделци

    (Видео) Погледнете како напредува автопатот кон Охрид што ја заобиколува „Стража“

    (Видео) Погледнете како напредува автопатот кон Охрид што ја заобиколува „Стража“

    МВР во акција: Бенд од Босна настапувал без дозволи во клуб во Кичево

    МВР во акција: Бенд од Босна настапувал без дозволи во клуб во Кичево

    камери мвр надзорни камери
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Засилени контроли на Државниот пазарен инспекторат во пресрет на новогодишните празниц

    01/12/2025

    Протест на пензионерите пред Уставниот суд: Не за џабе велат ситиот не му верува на гладниот

    01/12/2025

    Засилени акции: Kонтрола во угостителски објект во Свети Николе, затекнати 26 малолетници после 24:00 часот – 14 под дејство на алкохол

    01/12/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.