Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 35-годишнината од независноста на Македонија, ќе ги одликува Јордан Плевнеш и Раде Сиљан со Орден „8 Септември“.
Со истото високо државно признание постхумно ќе бидат одликувани и Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски, како признание за нивниот долгогодишен придонес и творечка дејност.
Свечената церемонија ќе биде дел од програмата за одбележување на 8 Септември – Денот на независноста, кога Македонија одбележува 35 години од стекнувањето на својата независност.
Орденот „8 Септември“ се доделува како едно од највисоките државни признанија за исклучителни заслуги и придонес во развојот и афирмацијата на државата и општеството.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
