На панел дискусија „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани” во Копенхаген, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова истакна дека Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија. „ЕУ ризикува да се излаже себеси ако зборува за единство и отпорност, оставајќи ја мојата земја и регионот на Западен Балкан изложени токму на овие закани”, рече Сиљановска – Давкова. Во однос на македонскиот евроинтегративен пат, таа потенцираше дека не е логично ЕУ себеси да се дефинира како „единство на различности” и почитување на културните, јазичните и националните идентитети, а од нас да бара да преговараме со странци за својата историја, култура и јазик.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар
