И покрај примирјето, мал број бродови минуваат низ Ормускиот теснец. Иако тој формално повторно се отвора за сообраќај, челниците на бродските компании и аналитичарите велат дека неизвесноста околу примирјето и понатаму го прави преминот премногу ризичен.
Инаку една од главните точки на договорот за двонеделното примирје е и запирање на нападите и отворање на Теснецот за контролирано и безбедно движење на бродови. Сепак бродските компании посочуваат дека се уште недостасуваат јасни одобренија и безбедносни гаранции од Иран, како и прецизни упатства за тоа како и кога да се плови низ теснецот.
Дополнително, неизвесноста за долгорочната стабилност на овој клучен поморски правец, но воените дејствија што се уште траат меѓу Израел и Хезболах во Либан, ги обесхрабрува компаниите да продолжат со редовниот транспорт.
Ормутскиот теснец е една од најважните енергетски артерии во светот, низ која поминува значителен дел од глобалната трговија со нафта и гас.

