Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
    Скопје

    Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати

    10/04/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Рускиот претседател Владимир Путин најави едностран прекин на огнот по повод православниот Велигден, кој треба да трае од 16 часот во сабота, 11 април, до крајот на недела, 12 април.

    Според соопштението од Кремљ, во тој период ќе бидат прекинати сите воени дејствија на сите фронтови, а Русија очекува и Украина да постапи на ист начин и да прогласи примирје.

    Путин им наредил на министерот за одбрана Андреј Белоусов и на началникот на Генералштабот Валериј Герасимов да ги запрат воените операции, но единиците да останат подготвени за можни провокации.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе го прифати примирјето и дека луѓето заслужуваат Велигден без закани и со реална шанса за мир.

    Тој потсети дека пред три дена предложил прекин на огнот, под услов Москва да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура, предлог кој бил пренесен преку Соединетите Американски Држави.

    Зеленски додаде дека Украина, заедно со американските преговарачи, продолжува да работи на безбедносни гаранции, кои ги оцени како клучни за траен мир.

    велигден зеленски примирје путин
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува реконструкцијата на „Самараџиска“ и на пет помали улици во Старата чаршија

    14/04/2026

    Синоќа отстранети импровизираните тезги на влезот на Старата скопска чаршија

    14/04/2026

    Нападите од бездомните кучиња го „олесниле“ буџетот на Скопје за околу 750.000 евра во 2025 година

    13/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.