Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»ПСЖ блескаше со шест гола, Ливерпул и Арсенал победнички ја отворија ЛШ
    Спорт

    ПСЖ блескаше со шест гола, Ливерпул и Арсенал победнички ја отворија ЛШ

    10/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ливерпул со победа ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите, откако на „Енфилд“ со 2:1 го совлада Атлетико Мадрид, иако шпанскиот тим прв дојде до водство.

    Атлетико одигра храбро од самиот почеток и поведе во 17. минута. Маркос Љоренте ја искористи грешката во одбраната на домаќините и прецизно стрелаше за 0:1.

    Ливерпул брзо одговори и пред паузата успеа да го израмни резултатот. Во 40. минута Доминик Собослаи ја затресе мрежата за 1:1, а пресвртот беше комплетиран во 50. минута кога Алексис Мекалистер погоди за конечни 2:1. Атлетико притискаше до крајот, но англискиот состав ја зачува предноста и ги освои трите бода. Единствена лоша вест за домаќините беше повредата на Бредли Баркола, кој предвреме го напушти натпреварот.

    Победа забележа и Спортинг Лисабон, кој пред своите навивачи го совлада Галатасарај со 3:1.

    Турскиот шампион поведе уште во петтата минута по автоголот на Инасио, но Спортинг возврати до полувремето преку Катамо. Во продолжението Луис Суарез реализираше пенал за 2:1 во 57. минута, а само шест минути подоцна со одличен погодок од слободен удар ги постави конечните 3:1.

    Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен приреди вистинска голеада и со убедливи 6:1 го декласира Слован Братислава.

    Парижаните практично го решија натпреварот уште во првото полувреме. Осман Дембеле постигна два гола во 17. и 23. минута, а Фабијан Торес зголеми на 3:0 во 31. минута. Торес продолжи со одличната игра и во второто полувреме, постигнувајќи уште два погодоци за хет-трик, додека Сержио Камара само накратко ја намали предноста на гостите. Конечните 6:1 ги постави Фабијан Руиз во завршницата.

    Со победа стартуваше и европскиот вицешампион Арсенал, кој на гостувањето во Неапол го совлада Наполи со минимални 1:0.

    По израмнетото прво полувреме без голови, победникот беше решен во 75. минута. Капитенот Мартин Одегард со одличен удар ја затресе мрежата на Вања Милинковиќ-Савиќ и му донесе важна победа на лондонскиот тим на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите.

    Поврзани вести:

    Спектакл во Лигата на шампионите: Атлетико го сруши Јунајтед, Барселона блескаше во Истанбул

    Спектакл во Лигата на шампионите: Атлетико го сруши Јунајтед, Барселона блескаше во Истанбул

    Нов тежок удар за Еурофарм Пелистер, Гумерсбах го надигра македонскиот вицепрвак

    Нов тежок удар за Еурофарм Пелистер, Гумерсбах го надигра македонскиот вицепрвак

    Порзингис има неизлечива болест, никој не знае каде е

    Порзингис има неизлечива болест, никој не знае каде е

    Пред 33 години Македонија го одигра првиот историски натпревар со својата фудбалска репрезентација

    Пред 33 години Македонија го одигра првиот историски натпревар со својата фудбалска репрезентација

    Од Скопје до Пекинг: Дарио Ивановски избори настап на СП 2027

    Од Скопје до Пекинг: Дарио Ивановски избори настап на СП 2027

    Сензација во Шангај: Бергс го елиминира Алкараз во третото коло

    Сензација во Шангај: Бергс го елиминира Алкараз во третото коло

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Спектакл во Лигата на шампионите: Атлетико го сруши Јунајтед, Барселона блескаше во Истанбул

    13/10/2026

    Нов тежок удар за Еурофарм Пелистер, Гумерсбах го надигра македонскиот вицепрвак

    13/10/2026

    Порзингис има неизлечива болест, никој не знае каде е

    13/10/2026
    Додади Коментар

    Коментарите се затворени.



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.