Во Тирана се отвори канцеларија на македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија”. Присутни беа на голем број Македонци од Албанија, а синоќа таму беше и премиерот Христијан Мицкоски.
Тој изрази задоволство што Македонците во Албанија имаат можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција. И посочи дека таа можност ја немаат Македонците во пиринскиот дел од Бугарија.
„Во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение во Бугарија, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел“, посочи Мицкоски.
Тој додаде дека македонската држава ќе биде столб на Македонците во светот каде и да се.
Унаку, Мицкоски денеска во Тирана учествува на Самитот на лидерите од земјите на Западен Балкан. При што истакна дека нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан.
