По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на Одделот за криминалистичка полиција на Србија вчера приведоа две лица поради постоење основи на сомнение дека планирале и координирале напад врз уставниот поредок.
Некои српски медиуми објавија дека приведени е Миша Бачулов, кој е осомничен за наводно лажирање на неговото труење и дека имал намера да ги обвини за тоа – српскиот претседател Александар Вучиќ и врвот на државата . Медиумите исто така, објавија видео снимка од разговор помеѓу Бачулов и друго лице со кое се разговара за планирање на наводен обид за труење на Бачулов.
Миша Бачулов, одборник на движењето „Биди херој“ во Собранието на Нови Сад, беше приведен неколку пати во претходните месеци. Тој беше уапсен првпат по протестот на 5 ноември лани, а потоа кон крајот на август оваа година. И двата пати му беше одреден притвор до 30 дена.
Претседателката на српското собрание, Ана Брнабиќ, го обвини Бачулов дека сакал да се отруе себеси и го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ.
Во Нови Сад денеска ќе се одржи комеморативен собир, каде што, на повик на студентското движење, студенти и граѓани од цела Србија ќе им оддадат почит на загинатите при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад пред една година.
Студентите во блокада веќе една година, предводат бран граѓански протести со кои бараат одговорност од властите за смртта на 16 лица при падот на реконструираната настрешница на главната железничка станица во Нови Сад лани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
