Германската полиција откри голем арсенал оружје, меѓу кои автоматски
пушки, базуки и митралези, при акција против организирани мрежи за
трговија со оружје во западниот дел на земјата.
Оружјето било пронајдено во покраината Северна Рајна – Вестфалија. Од
обвинителството изјавија дека се работи за едно од најголемите
количества оружје некогаш пронајдени во таа покраина. Во акцијата биле
уапсени тројца мажи на возраст од 34, 37 и 59 години.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
