Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Петмина обвинители во трка за нов шеф на ОЈО ГОКК, Советот ќе формира комисии
    ОЈО
    Република

    Петмина обвинители во трка за нов шеф на ОЈО ГОКК, Советот ќе формира комисии

    11/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Советот на јавните обвинители денеска треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисиите потребни за спроведување на постапката за избор на нов основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

    На 50-тата седница, според објавениот дневен ред, предвидено е формирање на Комисија за подготвување кандидатски листи, како и Комисија за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК.

    За функцијата досега се пријавени петмина јавни обвинители. Кандидатурите ги поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во Специјалното јавно обвинителство Трајче Пеливанов, обвинителката од Основното јавно обвинителство Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од ОЈО ГОКК Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

    Огласот за избор на нов раководител на ОЈО ГОКК беше распишан согласно Законот за Советот на јавните обвинители и Законот за Јавното обвинителство.

    Право на кандидатура имаат јавни обвинители кои имаат најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето, како и позитивна оценка од работењето во последните три години.

    Изборот на новиот основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК е предвидено да се одржи на 28 октомври 2026 година.

    Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител на обвинителството, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.

    Поврзани вести:

    МВР со претреси на повеќе локации поради сомнежи за незаконско издавање возачки дозволи

    МВР со претреси на повеќе локации поради сомнежи за незаконско издавање возачки дозволи

    Мицкоски остро реагираше по укинувањето на пресудата за несреќата кај Ласкарци

    Мицкоски остро реагираше по укинувањето на пресудата за несреќата кај Ласкарци

    Пронајден и санкциониран мажот кој фрлаше отпад во реката Радика

    Пронајден и санкциониран мажот кој фрлаше отпад во реката Радика

    Сончево и топло време денес, викендов промена со дожд и пад на температурите

    Сончево и топло време денес, викендов промена со дожд и пад на температурите

    Денес е тежок празник за верниците, Св. Јован Претеча – Се пости и не се јаде црвено

    Денес е тежок празник за верниците, Св. Јован Претеча – Се пости и не се јаде црвено

    Судот го замени притворот со куќен притвор за поранешната директорка на „Комуналец“

    Судот го замени притворот со куќен притвор за поранешната директорка на „Комуналец“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    МВР со претреси на повеќе локации поради сомнежи за незаконско издавање возачки дозволи

    11/09/2026

    Мицкоски остро реагираше по укинувањето на пресудата за несреќата кај Ласкарци

    11/09/2026

    Пронајден и санкциониран мажот кој фрлаше отпад во реката Радика

    11/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.