По пребројани речиси 95 отсто од гласовите, опозициската Тиса освои 138 од 199 мандати и обезбеди двотретинско мнозинство во Унгарскиот парламент. Претседателот на партијата, Петер Маџар веќе се обрати на своите подржувачи на плоштадот Батањи во Будимпешта, каде што кажа дека Унгарија се вража на народот.
Досегашниот премиер Виктор Орбан по 16 години власт доживеа убедлив пораз, освои само 54 мандати. Тој веќе му се јавил на Маѓар да му ја честита победата.
– Резултатите од изборите се јасни и болни за нас. Граѓаните не ни ја дадоа довербата и одговорноста да владееме и затоа и честитав на победничката партија – изјави Орбан на собирот на приврзаниците на Фидес во Будимпешта.
Во Собранието покрај овие две партии влегува и крајно десничарската партија Ми Хазанк со 7 мандати. Останатите партии не го надминаа прагот од 5 отсто. Излезноста достигна 77,8%, што е рекордно високо ниво. Најголема излезност е забележана во Будимпешта, каде над 85% од гласачите излегле на избори.

