Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не размислува да и даде на Украина крстосувачки ракети „Томахавк” со долг дострел.
Претходно, Пентагон одобри Белата куќа да испрати „Томахавки” во Украина, а конечната политичка одлука зависи од претседателот Трамп.
Киев ги бара ракетите за да може поефикасно да ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура длабоко во Русија.
Москва претходно опоменува дека испораката на такви ракети сериозно ќе ги наруши односите на САД со Русија, а испораката на било каково оружје нема да донесат никакво решение на фронтот во корист на Украина.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар
