Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Осомничениот за нападот кај Белата куќа соработувал со ЦИА во Авганистан
    Свет

    Осомничениот за нападот кај Белата куќа соработувал со ЦИА во Авганистан

    27/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Авганистанскиот државјанин Рахманулах Лаканвал (29), обвинет за пукањето врз двајца припадници на Националната гарда во близина на Белата куќа, претходно соработувал со повеќе американски владини агенции, вклучувајќи ја и ЦИА, за време на неговата служба во Авганистан, дознава Фокс њуз.

    Лаканвал влегол во САД веднаш по повлекувањето од Авганистан во 2021 година, како дел од програмата на администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, „Добредојдени сојузници“, наменета за преместување на ранливи Авганистанци и оние кои соработувале со американските сили. Според Си-Ен-Ен, тој поднел барање за азил во 2024 година, а администрацијата на Трамп, наводно, го одобрила барањето во април 2025 година.

    Според разузнавачки извори, неговата соработка со американските структури во Кандахар била основа за неговото доаѓање во САД. Роднина на осомничениот за Ен-Би-Си изјавил дека Лаканвал поминал 10 години во авганистанската војска, вклучително и во базата во Кандахар, каде што давал поддршка на американските специјални сили.

    ФБИ ја води истрагата и инцидентот го третира како можен акт на меѓународен тероризам. Претседателот Доналд Трамп го осуди нападот, нарекувајќи го „монструозен чин на терор“ и порача дека сторителот „ќе ја плати највисоката можна цена“.

    Двајцата гардисти од Западна Вирџинија кои беа повредени во пукањето се сè уште во критична состојба. Нападот, што се случи вчера околу 14:15 часот, бил насочен, а осомничениот е приведен на самото место и во моментот се наоѓа во болница бидејќи бил ранет во престрелката.

    Како реакција на инцидентот, Службата за државјанство и имиграција на САД доцна синоќа ја запре обработката на сите имиграциски барања поврзани со авганистански државјани, додека не се спроведе дополнителна ревизија на безбедносните процедури.

    Поврзани вести:

    Путин предлага голема програма за опремување на ОДКБ со руско оружје

    Путин предлага голема програма за опремување на ОДКБ со руско оружје

    Папата во посета на Турција и Либан, ќе се одбележуваат 1.700 – годишнината од Никејскиот собор

    Папата во посета на Турција и Либан, ќе се одбележуваат 1.700 – годишнината од Никејскиот собор

    Најмалку 55 мртви, 279 исчезнати во стравичниот пожар во Хонг Конг

    Најмалку 55 мртви, 279 исчезнати во стравичниот пожар во Хонг Конг

    Напад близу Белата куќа: Повикани дополнителни 500 војници на Националната гарда

    Напад близу Белата куќа: Повикани дополнителни 500 војници на Националната гарда

    Инцидент пред влезот во српското Собрание

    Инцидент пред влезот во српското Собрание

    Трамп го повлече временскиот рок за Украина и смета дека Русија прави отстапки со самото тоа што нема да зазема нови територии

    Трамп го повлече временскиот рок за Украина и смета дека Русија прави отстапки со самото тоа што нема да зазема нови територии

    белата куќа напад циа
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Путин предлага голема програма за опремување на ОДКБ со руско оружје

    27/11/2025

    Папата во посета на Турција и Либан, ќе се одбележуваат 1.700 – годишнината од Никејскиот собор

    27/11/2025

    Најмалку 55 мртви, 279 исчезнати во стравичниот пожар во Хонг Конг

    27/11/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.