Проект за мапирање на културното наследство најави општина Кисела Вода. Ова денеска беше договорено на средбата на градоначалничката на општината Бети Стаменковска-Трајковска, со историчарот Никола Веселинов, археологот Радомир Ивановиќ и пратеничката и етномузиколог Велика Стојкова Серафимовска.
Целта на проектот е истражување на потенцијалот на културното наследство на Кисела Вода, како најстара скопска општина. Ќе се собираат податоци за археолошки наоѓалишта, историски локации, објекти од културно значење и локални традиции-инфомираат од општината.
Добиените податоци, појаснуваат, ќе бидат дигитализирани и објавени на официјалната веб-страница на Општината, со што ќе станат лесно достапни за граѓаните, учениците, истражувачите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







