Во поплавите што го погодија централниот и источниот дел на Мексико загинаа 76 лица, а 27 се водат како исчезнати. Како што е соопштено околу 120 населби, по повеќедневните обилни врнежи, останале изолирани.
Најпогодена од поплавите е сојузната држава Идалго поради планински области каде што пристапот е отежнат поради оштетени патишта.
Повеќе од 12.700 припадници на армијата и морнарицата се распоредени во сојузните држави погодени од катастрофата, а на изолираните населби им се пружа помош од воздух и со чамци.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
