Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС
    Политика

    Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

    06/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ако некогаш важеше за специфичен дел на градот, исполнет со занаетчиски дуќани и стари градби, денеска оваа улица скоро сосема го изгубила својот лик и значење. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно Закон за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, чаршијата е препуштена на стихијата и тука секој прави она што сака, без никаква регулатива, алармираат од Граѓанската иницијатива Охрид СОС.

    На прстите од една рака се бројат старите градби кои му одолеваат на времето. Денеска тука доминираат ресторани и угостителски објекти кои ја окупирале улицата и за минувачите и велосипедистите оставиле само еден тесен премин. И наместо институциите да диктираат што и како може да се гради, сведоци сме изминативе децении дека тука веќе почнаа да се градат високи објекти со нетипичен стил. Не се применува нити онаа омилена за Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид факсимилна реконструкција.

    Додека „стручната фела” замижува и се прави наудрена, деновиве кон крајот на чаршијата се подигнува еден огромен објект, кој според обемот и големината отскокнува од околните објекти. Минатата година, за да започнат градежни работи на овој дел, службите на Општина Охрид исекоа неколку децениски стебла а од механизацијата е оштетено и партерното уредување. Но ништо од тоа не е важно, ако се знае дека институциите на прво место го ставаат интересот на поединците, наместо јавниот интерес. Објектот е видлив и од страната на паркингот. Додека се предлага градот да формира стручно тело кое ќе комуницира со УНЕСКО, „еден Борд кој ќе го сочинуваат архитекти и други професионалци” неповратно го губиме културното наследство и специфичните градски четврти, алармираат од Охрид СОС.

     

    Поврзани вести:

    Гаши: До крајот на септември најмалку четири собраниски седници, законите со Бадентер ќе се стават на гласање

    Гаши: До крајот на септември најмалку четири собраниски седници, законите со Бадентер ќе се стават на гласање

    Левица ја напушти седницата на Советот на Скопје во знак на протест

    Левица ја напушти седницата на Советот на Скопје во знак на протест

    СДСМ: Цените се до плафон, а Владата не презема мерки за заштита на стандардот

    СДСМ: Цените се до плафон, а Владата не презема мерки за заштита на стандардот

    ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ е потребен примарен национален дата центар

    ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ е потребен примарен национален дата центар

    ЛДП: Китановиќ мора да биде разрешен и кривично гонет, повлекување на став не е доволно

    ЛДП: Китановиќ мора да биде разрешен и кривично гонет, повлекување на став не е доволно

    СДСМ: Мицкоски да каже со кои инвеститори преговара за дата-центри

    СДСМ: Мицкоски да каже со кои инвеститори преговара за дата-центри

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    истакнати
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Гаши: До крајот на септември најмалку четири собраниски седници, законите со Бадентер ќе се стават на гласање

    31/08/2026

    Левица ја напушти седницата на Советот на Скопје во знак на протест

    31/08/2026

    СДСМ: Цените се до плафон, а Владата не презема мерки за заштита на стандардот

    31/08/2026
    Додади Коментар

    Коментарите се затворени.



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.