Нови 100 амбулантни возила ќе бидат набавени за македонското здравство, одлучила Владата на вчерашната седница.
„Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациенти до секундарно и терциерно ниво, подобра покриеност во урбаните и во руралните средини”, напиша министерот за здравство Азир Алиу на Фејсбук.
Тој информираше и дека Владата одлучила паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” да биде запишан како државно земјиште со што веќе нема правна пречка да се потпише договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје” и да се реши проблемот со паркирањето во комплексот клиники.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
