Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Нова потенцијална инвестиција на германската компанија Heidelberger Postpress во ТИРЗ
    Економија

    Нова потенцијална инвестиција на германската компанија Heidelberger Postpress во ТИРЗ

    04/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денеска оствари средба со Матиас Лаубенштајн, директор на Heidelberg Postpress, германска водечка технолошка компанија која веќе 175 години се залага за иновации, квалитет и сигурност во машинското инженерство ширум светот.

    Како што информираат од ТИРЗ, средбата опфатила презентирање на можностите и поволностите кои ги нуди Македонија преку зоните, при што беа разгледани ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип како потенцијални локации за отворање на нов производствен погон од страна на германската компанија.

    Димовски посочил дека Дирекцијата за ТИРЗ активно соработува со сите засегнати страни со цел континуирано подобрување на условите во зоните, а беше нагласена стратешката локација, како и даночните поволности кои се достапни за инвеститорите. Тој додал дека интересот на ваква реномирана компанија претставува силна потврда за атрактивноста на Македонија и ТИРЗ како локација за странски директни инвестиции.

    -Како што рече Димовски, вложувањето во напредни технологии и висока додадена вредност е приоритет, а соработката со компании кои имаат долга традиција и глобално присуство ќе донесе значајни придобивки за целата економија. Од страна на Лаубенштајн, беше изразен особен интерес за инвестирање во рамки на зоните, при што акцентот беше ставен на ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип како потенцијална локација. Toj нагласи дека стабилната деловна средина, пристапот до квалификувана работна сила и јасната и транспарентна поддршка од институциите се клучни фактори во нивните анализи за избор на нова локација. Со јасен фокус на раст, како снабдувач на целосни решенија компанијата го поттикнува понатамошниот развој во основните области на пакување и дигитално печатење, софтверски решенија и бизнисот со животниот циклус со услуги и потрошен материјал, така што клиентите можат да постигнат максимална продуктивност и ефикасност. Компанијата моментално се фокусира и на проширување во нови деловни области како што се високо прецизно инженерство на постројки со интегрирана контрола, технологија за автоматизација и роботика, како и растечките зелени технологии, се наведува во соопштението.

    Поврзани вести:

    Министерството за енергетика објави список на корисници на субвенции за ранливи потрошувачи во 2025 година

    Министерството за енергетика објави список на корисници на субвенции за ранливи потрошувачи во 2025 година

    Димитриевска-Кочовска: Македонија е на трето место во Европа по раст на БДП

    Димитриевска-Кочовска: Македонија е на трето место во Европа по раст на БДП

    Раст на БДП од 3,8 отсто во третото тримесечје

    Раст на БДП од 3,8 отсто во третото тримесечје

    Божиновска го свика првиот заеднички состанок на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО

    Божиновска го свика првиот заеднички состанок на Управниот и Надзорниот одбор на МЕПСО

    Димитриеска-Кочоска домаќин на словачкиот колега Каменицки

    Димитриеска-Кочоска домаќин на словачкиот колега Каменицки

    До кога Антикорупциската комисија ќе биде само декор во борбата со корупцијата?

    До кога Антикорупциската комисија ќе биде само декор во борбата со корупцијата?

    инвестиции тирз
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Денеска облачно со дождови низ цела Македонија

    06/12/2025

    Министерството за енергетика објави список на корисници на субвенции за ранливи потрошувачи во 2025 година

    05/12/2025

    Димитриевска-Кочовска: Македонија е на трето место во Европа по раст на БДП

    05/12/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.