Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Нема да биде екстрадиран од Грција уапсениот 60-годишен македонски државјанин баран за убиство пред 28 години
    Хроника

    Нема да биде екстрадиран од Грција уапсениот 60-годишен македонски државјанин баран за убиство пред 28 години

    27/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонскиот државјанин, баран со европска потерница за убиство пред 28 години што беше уапсен на крајот на мај годинава во грчкиот град Катерини, нема да биде екстрадиран во земјава, поради застареност на случајот, одлучил судот во Солун, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

    Со отфрлање на барањето за екстрадиција, судиите одлучиле и да му ја укинат мерката притвор.

    Убиството, за кое 60-годишниот беше баран со европска потерница се случило во Македонија во ноември 1997 година, а жртва бил 37-годишен македонски државјанин. Сторителот тогаш бил осуден на 15-годишна затворска казна, но побегнал во Грција, а пред шест месеци, како што објави МИА, беше уапсен во Катерини.

    Според судскиот предмет и документите од македонското обвинителство, како што пишува АНА-МПА, 60-годишниот намерно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото да ги види оштетувањата, пукал кон него и го убил, додека пак една година подоцна се одржало судењето и бил осуден на 15 години.

    Пред солунскиот суд, објаснил дека откако бил пуштен од притвор, побегнал и се преселил во Грција и дека сега има бизнис со соби за изнајмување во областа Пиерија.

    -Тој, преку своите адвокати, изјави дека во тој период служел во личното обезбедување на тогашниот претседател на државата, Киро Глигоров и дека бил на мета од политички причини. Според неговите тврдења, бил задржан во притвор 90 дена, по што бил пуштен на слобода, а потоа избегал со пасош издаден од властите на неговата земја и се преселил во Грција, пишува АНА-МПА.

    Со оглед на тоа што изречената казна е пред 20 години, согласно грчкото кривично право е застарена и затоа судиите го отфрлиле барањето за негова екстрадиција во Северна Македонија.

    Поврзани вести:

    Маж од Штип обвинет за пожар што зафати куќи и шума

    Маж од Штип обвинет за пожар што зафати куќи и шума

    (Видео) Прегазен пешак кај „Јосип Броз-Тито“

    (Видео) Прегазен пешак кај „Јосип Броз-Тито“

    Инцидент во Идризово, тројца затвореници со тврд предмет претепале 62-годишник

    Инцидент во Идризово, тројца затвореници со тврд предмет претепале 62-годишник

    Девет колумбијки го злоупотребиле туристичкиот престој, добија забрана за влез државава

    Девет колумбијки го злоупотребиле туристичкиот престој, добија забрана за влез државава

    Сопственик на фирма во Скопје затаил данок од 30 милиони денари

    Сопственик на фирма во Скопје затаил данок од 30 милиони денари

    Дел од малолетниците станаа ептен насилни, што преземаат родителите и институциите за овој проблем?

    Дел од малолетниците станаа ептен насилни, што преземаат родителите и институциите за овој проблем?

    grcija екстрадиција интерпол македонија убиство
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Маж од Штип обвинет за пожар што зафати куќи и шума

    26/11/2025

    (Видео) Прегазен пешак кај „Јосип Броз-Тито“

    26/11/2025

    Инцидент во Идризово, тројца затвореници со тврд предмет претепале 62-годишник

    26/11/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.