Се чини измените на Изборниот законик повторно шлајфуваат во место, иако сите партии повикаа дека изборни правила мора итно да се усогласат. Зa собранискиот спикер Африм Гаши сега дилема било дали Министерството за правда ќе понуди целосно нов Закон или само пакет измени на постојниот.
А всушност треба да се утврди дека e нужно веднаш да се променат овие работи:
– Прекројување на изборните единици од сегашните шест во една,
– Намалување на бројот на пратеници од 120 на 90,
– Прочистување на изборниот список,
– Промена на начинот на државното финансирање на изборната кампања,
– Регулација на онлајн медиумите.
Треба да се смени и на пример начинот како да функционира државата од моментот на распишување до завршувањето на изборите. Според сегашниот модел за ова време државата е закочена во функционирањето.
Значи, не е важно дали ќе е нов Закон или измени на постојниот, важно е дека е потребна брза реакција и наведените потреби да се решат веќе еднаш. Да не се случи да ги дочекаме и следните избори по сегашните правила кои праксата покажа дека не се добри.
