Најмалку седум планинари, пет странци и двајца Непалци, загинаа во лавина што ги затрупа на хималајски врв во североисточен Непал.
Трагедијата се случила во близина на планинскиот камп на планината Јалунг Ри во округот Долаха, потврди експедициската агенција „Седум самит трекс“.
Спасувачките екипи пронајдоа две тела, додека потрагата по преостанатите петмина, за кои се верува дека се закопани длабоко под снегот, продолжува. Потрагата по остатокот од групата, во која има и други странски државјани и локални водичи, продолжува. Петмина планинари успеале да се вратат во базата со полесни повреди.
„Спасувачките напори се попречени од лошите временски услови и логистичките проблеми, што го отежнува користењето хеликоптери или стигнувањето до местото пеш“, изјави локалниот полициски службеник Гјан Кумар Махато. Тој додаде дека спасувачкиот хеликоптер успеал да слета само во областа На Гаун, на пет часа пешачење од базниот камп.
Еден од повредените алпинисти изјави дека постојано повикувале помош, но не успеале.
„Доколку спасувачите стигнеа на време, можеа да се спасат повеќе животи“, изјави тој.
Меѓу загинатите се двајца Италијанци, еден Канаѓанец, еден Германец, еден Французин и двајца непалски водичи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
