Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » МВР: Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
    Ударна 5

    МВР: Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад

    24/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) – за кривично дело „трговија со дете“ (418-г ст.1 и ст.2), против лицата И.Д.(56), А.С.(30) и Л.С.(28) за сторено кривично дело – „трговија со дете“ (418-г ст.3) и против лицето – Р.М.(31) за кривично дело – „полов напад и силување“ ( 186 , ст.1 и ст.2) од КЗ на РСМ.

    Според документираните сознанија од истрагата првопријавениот Ф.М. во временскиот период од мај 2023 година до крајот на 2024 година, доведувајќи го во заблуда – детето жртва – тогаш на 15 годишна возраст, дека ќе започнат љубовна врска, преку сериозна закана и уцена ја принудил жртвата на користење на опојни дроги и на сексуална експлоатација. Притоа, со цел стекнување на противправна имотна корист Ф.М., по претходен договор со пријавените И.Д., А.С. и Л.С. како и со инволвирање на други непознати лица, овозможил вршење на полови дејствија врз детето жртва од нивна страна, а на повеќе локации на подрачје на Тетово. Петопријавениот Р.М. по претходен договор со Ф.М. како лице задолжено за безбедноста на детето, ја искористил неговата улога и присилно, спротивно на волјата на детето извршил полов однос врз истото.

    Врз основа на издадени наредби од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, на четири локации на подрачјето на Тетово извршени се претреси во дом и други простории при што се пронајдени и привремено одземени мобилни телефонски апарати, СИМ картички и лишени се од слобода кривично пријавените пет лица.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Матични гинеколози наплаќале услуги кои се бесплатни

    Матични гинеколози наплаќале услуги кои се бесплатни

    Украина објави мировен план од 20 точки подготвен заедно со САД

    Украина објави мировен план од 20 точки подготвен заедно со САД

    СДСМ и Левица со обвинување до Владата за повисока цена на струјата и за колапс на енергетскиот сектор

    СДСМ и Левица со обвинување до Владата за повисока цена на струјата и за колапс на енергетскиот сектор

    Експлодира нова бомба во Москва, загинаа двајца полицајци и случаен минувач

    Експлодира нова бомба во Москва, загинаа двајца полицајци и случаен минувач

    Црна Гора ги укина визите за Турција, но го намали дозволениот престој од 90 на 30 дена

    Црна Гора ги укина визите за Турција, но го намали дозволениот престој од 90 на 30 дена

    Студено и влажно време, од петок стабилизација

    Студено и влажно време, од петок стабилизација

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Наближуваат празниците, зачестуваат апелите да се вози одговорно, а и полицијата апси збеснати возачи

    24/12/2025

    Матични гинеколози наплаќале услуги кои се бесплатни

    24/12/2025

    Украина објави мировен план од 20 точки подготвен заедно со САД

    24/12/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети

    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.