Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за академски студии од втор и трет циклус во земјава и истите можат да се погледнат на следниот линк https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/stipendii-mon
Стипендиите се однесуваат на студенти кои се запишани на втор или трет циклус на студии во земјата, на едно од следниве научни подрачја: природно-математичките науки (биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика) или на инженерство и технолошки науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, сообраќај и транспорт, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство, инженерство за заштита на животна средина, инженерство за заштита на работна средина и индустриско инженерство и менаџмент); хуманистички науки; општествени науки.
Сите останати услови можат да се погледнат во конкурсите.
Висината на стипендијата за студии од втор циклус во земјата изнесува 9.000 денари и се исплаќа девет месеци во годината, додека стипендијата за трет циклус на студии чиј износ е 18.000 денари, се доделува за дванаесет месеци во годината.
Аплицирањето е електронски. Студентите кои ги исполнуваат условите, треба да пополнат електронска пријава и да прикачат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 20.2.2026 година.
