Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Митева истакна: Владата додели вкупно 33.682 ваучери за студенти, мерката создава вистински резултати
    Политика

    Митева истакна: Владата додели вкупно 33.682 ваучери за студенти, мерката создава вистински резултати

    23/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска на прес конференција истакна дека доделени биле вкупно 33.682 ваучери за студенти.

    „Дозволете најнапред да истакнам дека ова е мојата прва прес-конференција како портпарол на Владата, и искрено сум горда што денес можам да потврдам дека една од најзначајните мерки за младите, мерката за ваучери за електронски уреди за студентите се реализира одлично и согласно сите предвидени динамики.

    Според последните податоци, заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери во вредност од 15.300 денари.

    Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и веќе подигнале нов електронски уред.

    Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати.

    Оваа мерка не е случајна ниту импровизирана, туку прецизно и навремено испланирана од страна на Генералниот секретаријат на Владата, во блиска соработка со Министерството за дигитална трансформација и Министерството за образование и наука. Оваа институционална координација овозможи: брза организација на постапките, јасни критериуми за студентите, технички усогласен систем за доделување и реализација на ваучерите и висока транспарентност на процесот.

    Со добро поставен систем и силна соработка меѓу институциите, мерката стана пример како државата може ефикасно, модерно и одговорно да испорача политики кои директно го подобруваат животот на граѓаните.

    Владата покажа дека инвестициите во знаење, технологија и млади се приоритет, а исполнувањето на ова ветување е доказ дека државата функционира во служба на граѓаните. Ја намалуваме дигиталната нееднаквост и ја поттикнуваме дигиталната трансформација.

    Како Влада ќе продолжиме со следење на реализацијата кај овластените трговци, обезбедување постојана поддршка за студентите и подготовка на нови политики насочени кон дигитализација и модернизација на образованието.

    Покажавме дека кога државата планира внимателно, координирано и со јасна цел, резултатите се видливи и опипливи. Мерката функционира, интересот е голем, очекуваме максимална искористеност на мерката од сите студенти, а имплементацијата е пример за успешна меѓуинституционална соработка“, вели Митева.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Срамно, ИПАРД блокиранa а Трипуновски праќа празни страници наместо одговори, велат од СДСМ

    Срамно, ИПАРД блокиранa а Трипуновски праќа празни страници наместо одговори, велат од СДСМ

    Костовски до ДУИ: Неспособноста, жестокиот криминоген порив и шовинизмот, секогаш низ политичката историја се бранел со голи лаги

    Костовски до ДУИ: Неспособноста, жестокиот криминоген порив и шовинизмот, секогаш низ политичката историја се бранел со голи лаги

    Викторија Трајков: Иднината треба да ја градиме заедно со младите

    Викторија Трајков: Иднината треба да ја градиме заедно со младите

    Гордaна Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември: Албанскиот јазик е дел од раскошниот мозаик на различностите што е влог во иднината на нашата заедничка татковина

    Гордaна Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември: Албанскиот јазик е дел од раскошниот мозаик на различностите што е влог во иднината на нашата заедничка татковина

    Свечена седница по повод Денот на албанската азбука, ќе се обрати Мицкоски

    Свечена седница по повод Денот на албанската азбука, ќе се обрати Мицкоски

    Мицкоски од Тирана: Ќе дојдеме до целта и во Пиринскиот дел на Бугарија, Македонците слободно да се организираат

    Мицкоски од Тирана: Ќе дојдеме до целта и во Пиринскиот дел на Бугарија, Македонците слободно да се организираат

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Срамно, ИПАРД блокиранa а Трипуновски праќа празни страници наместо одговори, велат од СДСМ

    23/11/2025

    Денес гласа Република Српска: 1,2 милиони граѓани избираат нов претседател

    23/11/2025

    Тешки отстапки за Украина? САД туркаат договор, Киев не дава зелено светло

    23/11/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.