Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Љутков: Охрид е под закана да биде ставен на листата културни богатства во опасност на УНЕСКО
    Култура

    Љутков: Охрид е под закана да биде ставен на листата културни богатства во опасност на УНЕСКО

    08/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Владата на денешната седница ја разгледала информацијата и ги задолжија сите членови на институциите кои присуствуваат моментално на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, преку координиран настап, заеднички да се поднесе амандман со цел повлекување на Нацрт одлуката на Комитетот со која Охридскиот регион се предлага да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност.

    Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, на денешната прес – конференција соопштувајќи ја владината одлука, нагласи дека јавноста мора да ја знае вистината дека оваа одлука е резултат на директна последица на години негрижа, неодговорност и институционален распад што, како што вели, го оставила поранешната влада во периодот од 2017 до 2024 година.

    – Актуелниот Извештај се однесува токму на овој период на владеење на СДСМ и ДУИ. И во тие седум години не само што не беше преземено речиси ништо од препораките на УНЕСКО, тие наместо заштита, гледавме игнорирање на експертски извештаи и системско разнебитување. Секој ден како Влада се соочуваме со историски одлуки, не само да го сопреме уништувањето, туку и да го спасиме и обновиме сето она што другите го запоставија, рече Љутков.

    Тој потенцира дека Владата работи посветено во координација со сите надлежни интитуции да покаже дека знае поинаку да се однесува кон културното наследтво и оти има капацитет да ги почитува препораките на оваа меѓународна организација при ОН задолжена за образование, наука и култура за Охрид и Охридскиот регион.

    – Работиме со максимална посветеност во координација со сите надлежни институции, а тука се МТ, МЖСПП, Управата за заштита на културно наследство, МНРиНТ, домашните експерти се со цел да покажеме дека оваа Влада може и знае поинаку да се однесува кон културното наследство. Но, вистината ќе мора да се каже јасно, додека тие ги затвораа очите, ние ќе ги отвораме вратите за спас, додека тие молчеа пред предупредувањата, ние сакаме да зборуваме со дела. Граѓаните имаат право да знаат дека токму тие што го доведоа Охрид на работ на губење на својот статус се истите кои денес држат чекции од опозиција. Историјата нема да ги заборави овие работи, а ние нема да дозволиме нивната негрижа да го чини Охрид со некаква поинакавка иднина. На денешната седница на Владата се разгледа информацијата и се задолжија сите членови на институциите кои присуствуваат моментално на Комитетот за светско наследство и преку координиран настап, заеднички да поднесеме амандман со цел овој Извештај да се повлече и да покажеме дека оваа Влада има капацитет да покаже дека ќе се посветиме на почитување на препораките, посочи министерот Љутков.

    Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност. По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на забелешките на Реактивната мониторинг мисија од минатата година.

    Во нацрт-верзијата на самата одлука и овојпат се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од Светската организација, со конкретен предлог регионот да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност.

    Во документот, меѓу другото, се повикуваат Македонија и Албанија да работат на зајакнување на прекуграничниот дијалог, и на високо институционално и на оперативно ниво, за да се обезбеди ефективно и одржливо управување со регионот.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Љутков: Чекаме препораки од УНЕСКО за Охрид

    Љутков: Чекаме препораки од УНЕСКО за Охрид

    Имале визија, имале знаење: Пред 81 години основан Македонскиот народен театар

    Имале визија, имале знаење: Пред 81 години основан Македонскиот народен театар

    Музичката легенда Фела Кути станува првиот Африканец кој ќе добие Греми награда за животно дело

    Музичката легенда Фела Кути станува првиот Африканец кој ќе добие Греми награда за животно дело

    Викендов во Скопје саем на туризам: Рурални домаќинства на Македонија

    Викендов во Скопје саем на туризам: Рурални домаќинства на Македонија

    Битола инвестира во култура: Дувачкиот оркестар со нови проекти

    Битола инвестира во култура: Дувачкиот оркестар со нови проекти

    Греми 2026: Сцената се подига за Ози Озборн, Д’Анџело и Роберта Флек“ – Пост Малон и рок легендите го предводат трибјутот

    Греми 2026: Сцената се подига за Ози Озборн, Д’Анџело и Роберта Флек“ – Пост Малон и рок легендите го предводат трибјутот

    охрид унеско
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Љутков: Чекаме препораки од УНЕСКО за Охрид

    01/02/2026

    Имале визија, имале знаење: Пред 81 години основан Македонскиот народен театар

    31/01/2026

    И птиците во Охрид предупредуваат и бараат заштита на Езерото, преполовен им е бројот за разлика од лани

    31/01/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.