Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа нов напредок на ВТА-листата овој понеделник. Иако го предаде полуфиналниот меч на ИТФ турнирот „Порто 50“ против Американката Флона Кроули во вториот сет, македонската тенисерка сепак успеа да напредува за 12 позиции на светската ранг-листа.
Ѓорческа сега се наоѓа на 182-то место на ВТА-листата, додека нејзиниот најдобар пласман во кариерата останува 170-тата позиција.
По настапите на двата ИТФ турнира во Порто, следниот предизвик за 31-годишната тенисерка се очекува да биде турнир во Франција од ВТА-турот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







