Сенатот на САД повторно не го усвои законот за привремено финансирање на владата, со што застојот во работата на федералните агенции продолжува. Ова е шести неуспешен обид да се донесе закон кој би обезбедил средства до 21 ноември. Сенатот исто така го одби и предлогот на демократите кој вклучуваше и одредби за здравствената заштита. Блокадата започна на 1 октомври, на почетокот на фискалната 2026 година, поради одбивањето на демократските сенатори да поддржат предлог без дополнителни услови. Неуспехот да се обезбедат средства ги остави федералните организации без финансирање и создаде проблеми во функционирањето на владините институции.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







