Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода М.М. (50) од Скопје, откако бил вмешан во сообраќајна несреќа на булеварот „Гоце Делчев“.
Несреќата била пријавена околу 16:15 часот, а во неа учествувале три патнички возила – „сеат ибица“, управуван од М.М., „тојота“, управувана од А.Г. (25), и „мерцедес“, управуван од М.В. (32), сите со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот А.Г. и неговата сопатничка Л.Г.
По преземените полициски мерки било утврдено дека М.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,32 промили алкохол во крвта. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а осомничениот бил лишен од слобода.
По целосно документирање на случајот, против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.






