Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Коњановски ја потпиша декларацијата за нула жртви во сообраќајот
    Република

    Коњановски ја потпиша декларацијата за нула жртви во сообраќајот

    02/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Општините имаат клучна улога во унапредувањето на безбедноста во сообраќајот, а нивната соработка со централните институции е неопходна за поефикасни превентивни политики и мерки. Тоа беше главната порака на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локална самоуправа“, што денеска се одржа во Скопје, на која учествуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

    Конференцијата беше организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со поддршка од Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски и Заедницата на единиците на локална самоуправа. На настанот се обратија првите луѓе на институциите, нагласувајќи ја важноста на координираните активности.

    Посебно внимание беше посветено на темите поврзани со урбанистичкото и сообраќајното планирање. Проф. д-р Јасмина Буневска-Талевски од Техничкиот факултет во Битола говореше за влијанието на овие процеси врз безбедноста на сообраќајот на локално ниво, додека проф. д-р Зоран Јошевски, член на Републичкиот совет, презентираше анализи за управувањето со сообраќајната безбедност во општините.

    Битола, како општина која моментално работи на нов Генерален урбанистички план и нови сообраќајни решенија, веќе има изработено и студија за „Сејф сити“, која поставува основа за системско подобрување на безбедноста.

    На конференцијата градоначалникот Коњановски го стави својот потпис на Декларацијата за безбедност во сообраќајот на патиштата, во која се нагласува дека ниту еден изгубен живот или сериозна повреда во сообраќајот не смее да биде прифатлива. Со тоа, Општина Битола се обврза активно да го промовира и применува „Сејф сити“ пристапот за создавање побезбеден сообраќаен систем.

    Поврзани вести:

    Проданоски: Прилеп се обврзува на современа и безбедна сообраќајна инфраструктура

    Проданоски: Прилеп се обврзува на современа и безбедна сообраќајна инфраструктура

    Божиновска: Општините добиваат практична поддршка за реализација на енергетски проекти

    Божиновска: Општините добиваат практична поддршка за реализација на енергетски проекти

    Бездомните лица ќе добијат нови станбени капацитети, најави Велковски

    Бездомните лица ќе добијат нови станбени капацитети, најави Велковски

    Тошковски: Македонија е синоним за врв на жртви од непочитување на сообраќајните правила, скопје е посебна приказна

    Тошковски: Македонија е синоним за врв на жртви од непочитување на сообраќајните правила, скопје е посебна приказна

    Мицкоски целосно го поддржува „Безбеден Град“: Ќе трпиме критики, но бројката на жртви не остава простор за компромис

    Мицкоски целосно го поддржува „Безбеден Град“: Ќе трпиме критики, но бројката на жртви не остава простор за компромис

    Сите 35 обвинети за „Пулс“ се изјаснија за невини

    Сите 35 обвинети за „Пулс“ се изјаснија за невини

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Проданоски: Прилеп се обврзува на современа и безбедна сообраќајна инфраструктура

    02/12/2025

    Божиновска: Општините добиваат практична поддршка за реализација на енергетски проекти

    02/12/2025

    Бездомните лица ќе добијат нови станбени капацитети, најави Велковски

    02/12/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.