Кинa и Русија ги продлабочуваат врските и соработката. Кинескиот претседател Си Џинпинг се сретна со рускиот премиер Михаил Мушустин и повика на посилни меѓусебни инвестиции и ја потврди посветеноста на Пекинг на подобрување на врските и покрај „турбулентните” надворешни околности.
„Заштитата, консолидирањето и развојот на односите меѓу Кина и Русија е стратешки избор за двете страни”, рече Си.
Од друга страна Кремљ го нагласи значењето на посетата на Мишустин во време кога Русија е под западни санкции поради војната во Украина и се стреми да го сопре неодамнешното забавување преку трговијата со Кина.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар
