Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Избори во Унгарија: Борба меѓу поранешните сојузници Виктор Орбан и Питер Маѓар
    Свет

    Избори во Унгарија: Борба меѓу поранешните сојузници Виктор Орбан и Питер Маѓар

    12/04/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Унгарија се одржуваат парламентарни избори, на кои главната борба се води меѓу владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан и опозициската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар, поранешен сојузник на Орбан.

    Гласањето започна во 6 часот, а завршува во 19 часот, по што се очекуваат првите резултати.

    Фидес кампањата ја водеше со пораки за стабилност, суверенитет и отпор кон притисоците од Брисел, додека Тиса настапуваше со ветувања за промени, борба против корупцијата и приближување кон Европската унија.

    Петер Маѓар во последните месеци стана централна фигура на опозицијата и најсилен противник на Орбан.

    Граѓаните избираат 199 пратеници, од кои 106 во изборни единици, а 93 преку партиски листи, при што за влез во парламентот е потребен праг од најмалку 5 проценти.

    Изборите се следат со големо внимание низ Европа, како и во САД и Русија, бидејќи нивниот исход може да има пошироки последици врз односите со Европската унија, војната во Украина и внатрешната политика на Будимпешта.

    Во поширок контекст, денешните избори во Унгарија се сметаат за еден од најважните политички настани во Европа оваа година, со сериозни импликации врз Европската унија.

    Виктор Орбан со години важи за главен „блокатор“ во Брисел, користејќи вето за да ги забавува или ослабува санкциите против Русија, помошта за Украина и други одлуки што бараат едногласност.

    Доколку победи Тиса предводена од Петер Маѓар, се очекува Европската унија да добие силен поттик за побрзо носење одлуки, особено во однос на Украина и реформите. Победа на опозицијата би значела полесно одобрување на помошта за Украина и построги санкции кон Русија, што би било поздравено од Киев и Брисел, но би значело губење на важен канал за влијание за Москва во Европа.

    Виктор Орбан, од друга страна пак, има блиски односи и со Доналд Трамп, а на завршницата од кампањата Будимпешта ја посети и потпретседателот Џеј Ди Венс како знак на поддршка.

    Трамп порача дека САД ќе ја вложат целата своја економска моќ за да обезбедат инвестиции и просперитет за Унгарија.
    – Мојата администрација е подготвена дa ja употреби целата економска моќ на Соединетите Држави за да ја зајакнеме унгарската економија, како што сме правеле за нашите големи сојузници во минатото, ако тоа им е потребно на премиерот Виктор Орбан и на унгарскиот народ. Подготвени сме да инвестираме во идниот просперитет кој што ќе се создаде под раководство на Орбан, порача претседателот Трамп.

    Победа на Тиса би можела да ги залади тие односи и да предизвика нови тензии меѓу американската администрација и традиционалните европски сојузници.

    Иако Унгарија е мала земја, со околу два проценти од населението на Европската унија, нејзината улога под водство на Орбан ја прави исклучително важна, поради што изборите се следат како едни од клучните во Европа оваа година. Виктор Орбан е на власт во Унгарија 16 години.

    избори маѓар орбан Унгарија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Вучиќ најави парламентарни избори во Србија годинава

    14/04/2026

    Клучните земји на НАТО одбија да учествуваат во Трамповата блокада на Ормутскиот теснец

    14/04/2026

    По блокадата од САД, Иран се заканува дека ниту едно пристаниште во регионот нема да биде безбедно

    13/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.