Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека во период од две недели ќе биде овозможен безбеден премин низ Ормутскиот теснец.
„Во име на Исламската Република Иран изразувам благодарност и почит до нашите браќа, премиерот на Пакистан Шехбаз Шариф и фелдмаршалот Асим Мунир, за нивните неуморни напори за ставање крај на војната во регионот“, наведе Аракчи.
Тој додаде дека, како одговор на барањето на пакистанскиот премиер и имајќи го предвид барањето на САД за преговори врз основа на нивниот предлог од 15 точки, како и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за прифаќање на иранскиот предлог од 10 точки како основа за разговори, го соопштува следново во име на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.
„Доколку нападите врз Иран бидат запрени, нашите моќни вооружени сили ќе ги прекинат своите одбранбени операции“, порача тој.
„Во период од две недели ќе биде овозможен безбеден премин низ Ормускиот теснец, во координација со иранските вооружени сили и со почитување на техничките ограничувања“, објави Аракчи.

