Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска официјално потврди дека Грција ќе стане една од првите земји во Европската Унија што законски ќе го ограничи пристапот до социјалните мрежи за помладите од 15 години.
Во видео-обраќање преку платформата Тикток, Мицотакис соопшти дека новите правила ќе стапат на сила на 1 јануари 2027 година, а соодветниот предлог-закон ќе биде доставен до Парламентот веќе ова лето.
Премиерот истакна дека целта е да се спречи „зависното скролување“ и да се заштити менталното здравје на младите од штетните влијанија на алгоритмите.

