Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Грчки остров ќе дава по 3.000 евра за секое новородено дете за да го спречи демографскиот пад
    Свет

    Грчки остров ќе дава по 3.000 евра за секое новородено дете за да го спречи демографскиот пад

    10/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Општина Нисирос, мал остров во југоисточниот дел на Егејското Море, воведува еднократна финансиска помош од 3.000 евра за секое новородено дете, со цел да се спречи намалувањето на бројот на жители.

    Мерката е предложена од градоначалникот Христофис Коронаиос и едногласно е усвоена од општинскиот совет. Право на помош ќе имаат семејствата кои се регистрирани во општината и имаат постојано живеалиште на островот во моментот на раѓањето на детето.

    Од општината информираат дека станува збор за максималниот износ дозволен според новиот грчки Закон за локална самоуправа. Средствата ќе бидат ослободени од данок и нема да влијаат врз условите за користење други социјални бенефиции.

    За реализација на програмата, во општинскиот буџет за 2026 година веќе се издвоени 9.000 евра, со што мерката може веднаш да започне.

    Локалните власти разгледуваат и дополнителна поддршка од 150 евра месечно за секое дете до наполнување на петгодишна возраст, но оваа мерка сè уште не е официјално усвоена.

    Градоначалникот Коронаиос посочи дека целта е да се поттикнат младите семејства да останат на островот и таму да ја градат својата иднина, со што би се ублажил негативниот демографски тренд што ги погодува малите грчки острови.

    Општина Нисирос наведува дека финансиската помош е дел од поширока стратегија за поддршка на младите и зачувување на населението на островот.

    Поврзани вести:

    Авионот на Зеленски за малку ќе беше погоден од дрон, објави Стере

    Авионот на Зеленски за малку ќе беше погоден од дрон, објави Стере

    Драматично видео од нов украински напад на Сочи

    Драматично видео од нов украински напад на Сочи

    Видео од нов американски напад врз брз брод во Карипското Море, има тројца загинати

    Видео од нов американски напад врз брз брод во Карипското Море, има тројца загинати

    Пожар на траект на Филипините: Најмалку петмина загинати, по 86 лица сè уште се трага

    Пожар на траект на Филипините: Најмалку петмина загинати, по 86 лица сè уште се трага

    Блиските соработници го предупредиле Трамп дека војната со Иран може да трае до крајот на мандатот

    Блиските соработници го предупредиле Трамп дека војната со Иран може да трае до крајот на мандатот

    Силно невреме ја погоди Словенија, бурата се префрли и во Хрватска

    Силно невреме ја погоди Словенија, бурата се префрли и во Хрватска

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Авионот на Зеленски за малку ќе беше погоден од дрон, објави Стере

    10/09/2026

    Драматично видео од нов украински напад на Сочи

    10/09/2026

    Видео од нов американски напад врз брз брод во Карипското Море, има тројца загинати

    10/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.