Демонстрантите да се воздржат од насилство по убиството на активистка од страна на агент на имиграциската служба во Минесота, „да не се фаќаат на јадицата“ на американскиот претседател Доналд Трамп, повика синоќа Градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј
Тој смета дека секакви незаконски дејствија би му оделе во прилог на Трамп.
Предупредувањето доаѓа во време кога низ целата земја се подготвуваат протестни маршеви поради убиството на 37-годишната Рене Гуд, мајка на три деца, која беше застрелана од службеникот на Бирото за имиграција и царина, Џонатан Рос.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







