Орбан и Фицо заеднички го осудија притисокот од ЕУ и САД за запирање на увозот на руска нафта, велејќи дека тие самите ќе одлучат за својата енергетска политика. „Никој не треба да ни кажува од каде да го набавиме нашиот гас и нафта, бидејќи според меѓународното право, суверена земја сама одлучува за тоа”, рече словачкиот премиер Фицо на средбата со унгарскиот премиер Орбан. Фицо ја поддржа позицијата на Орбан, нарекувајќи ги притисоците на ЕУ за прекин на купувањето руска нафта како „политичка и идеолошка одлука”, која не само што најтешко ќе ги погоди Словачка и Унгарија, туку ќе и наштети и на цела Европа.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар
