Општина Ѓорче Петров, ќе воведува енергетски ефикасни системи за загревање за пет училишта и три детски градинки.
Меморандум за соработка беше потпишан денес од страна на градоначалникот Александар Стојковски со UNOPS, а е во рамки на ЕУ-проектот „ЕУ за чист воздух“, со јасна цел – подобар квалитет на воздух и енергетски ефикасни јавни објекти.
Со овој проект ќе се врши замена на старите системи за греење со современи топлински пумпи, енергетски ефикасни и еколошки системи-истакна градоначалникот Александар Стојкоски.
Посочува дека со овој проект ги опфаќаат, сите објекти на основни училишта и дел од градинките, со што ќе се позиционираат како лидери помеѓу општините во намалено загадување, почиста животна средина, пониски енергетски трошоци и поздрави услови за децата.
-Во партнерство со УНОПС и со поддршка од Европската Унија, продолжуваме одговорно, стратешки и долгорочно да инвестираме во Ѓорче Петров. За чист воздух, за енергија на иднината, за нашите деца“, порача градоначалникот.







