Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Ендрик ќе игра за француски Лион
    Спорт

    Ендрик ќе игра за француски Лион

    24/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Младиот напаѓач на Реал Мадрид, 19-годишниот Бразилец Ендрик ќе игра на позајмица во Лион до крајот на сезоната, потврди францускиот клуб на своите социјални мрежи. Поранешното „чудо од дете“ не успеа да се наметне во соблекувалната, па затоа реши да го побара спасот во Франција.

    Главната причина за заминувањето е потрагата по повеќе време за играње, бидејќи младиот Бразилец сè уште се надева дека ќе биде на списокот за патување за Светското првенство во 2026 година. Со преселбата во редовите на „лавовите“, таа желба би можела да се оствари.

    Дека промена во средниот ред е неопходна неодамна потврди и бразилскиот тренер, Италијанецот Карло Анчелоти, кој откри како разговарал со напаѓачот, велејќи му дека „важно е тој да игра“.

    „Ендрик е многу млад, ова нема да биде неговото последно Светско првенство. Тој би можел да игра во 2026 година бидејќи го има потребниот квалитет, но и во 2030, 2034 или дури 2038 година. Важно е повторно да игра и да го покаже својот квалитет“, изјави неодамна бразилскиот тренер.

    Ендрик пристигна во Реал во јули 2024 година од Палмеирас за приближно 60 милиони евра. Во дресот на мадридскиот клуб, тој одигра вкупно 40 натпревари и постигна седум гола, но оваа сезона ситуацијата е значително поинаква – младиот напаѓач играше само единаесет минути во Ла Лига.

    Француските медиуми објавуваат дека Лион ќе плаќа половина од неговата месечна плата, која изнесува 400.000 евра, за време на позајмицата.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Денеска прекин на водоснабдувањето во Центар и Сингелиќ

    Денеска прекин на водоснабдувањето во Центар и Сингелиќ

    Омерагиќ: Седлоски е вистинскиот избор за селектор на Македонија

    Омерагиќ: Седлоски е вистинскиот избор за селектор на Македонија

    Почина Васил Рингов

    Почина Васил Рингов

    Наполи по трет пат го крена трофејот во Суперкупот – Елмас беше во стартниот состав

    Наполи по трет пат го крена трофејот во Суперкупот – Елмас беше во стартниот состав

    Црвена звезда со нов старт: Станковиќ се враќа на „Маракана“

    Црвена звезда со нов старт: Станковиќ се враќа на „Маракана“

    ФИФА ранг-листата за 2025: Македонија со идентични бодови како претходно, но едно место подолу

    ФИФА ранг-листата за 2025: Македонија со идентични бодови како претходно, но едно место подолу

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Денеска прекин на водоснабдувањето во Центар и Сингелиќ

    24/12/2025

    Омерагиќ: Седлоски е вистинскиот избор за селектор на Македонија

    23/12/2025

    Почина Васил Рингов

    23/12/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети

    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.