ДЕЧИЊАТА ВО ГРАДИНКИТЕ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЌЕ ДИШАТ ЧИСТ ВОЗДУХ
Прочистувачи на воздух за сите клонови на детската градинка „Росица“ се обезбедени од општина Ѓорче Петров.
Ова информација ја даде градоначалникот Александар Стојкоски, кој појасни дека овие уреди чистат 99.97% од нечистотиите во воздухот – смог, прашина, бактерии и вируси и обезбедуваат свежа средина за дечињата секој ден.
„Веруваме дека со вакви мали, но важни чекори правиме многу за иднината на нашите најмали сограѓани“, истакна Стојкоски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
