Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Битола инвестира во култура: Дувачкиот оркестар со нови проекти
    Култура

    Битола инвестира во култура: Дувачкиот оркестар со нови проекти

    30/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На тркалезната маса која ја организираше Општина Битола за културните случувања во 2026 година, а кои се дел од годишната Програма за култура, Марјан Бакревски истакна дека Битолскиот дувачки оркестар со континуираната поддршка од Општина Битола продолжува со нови концерти и во годината пред нас.

    Битолскиот дувачки оркестар, по своето обновување, за првпат концертно настапи во рамки на „Битолско културно лето” во 2015 година. Од тогаш до денес, Општина Битола континуирано излегува во пресрет на потребите на оркестарот, обезбедувајќи логистичка и финансиска поддршка, согласно можностите и програмските активности, велат од Битолскиот дувачки оркестар.

    Оркестарот во своето делување секогаш настојува да им понуди на граѓаните културна содржина која го надминува формалниот обем на поддршката. Независно од финансиските услови, концертите на Битолскиот дувачки оркестар се реализираат на највисоко професионално ниво. Иако квалитетот во уметноста е тешко мерлив, оркестарот континуирано се позиционира рамо до рамо со релевантните музички институции во државата.

    Програмската политика на оркестарот се темели на оригиналност и разновидност – секој концерт е нов, концепциски различен и неповторлив.

    Битолскиот дувачки оркестар ги поканува своите редовни слушатели, како и сите оние кои досега немале можност да ги посетат нивните концерти, во февруари да присуствуваат на репризниот концерт „Најдобрите детски песни од 90-тите”, кој минатата година ја исполни концертната сала до последното место, како и во април на концертот „Битсли во Битола”.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Љутков: Чекаме препораки од УНЕСКО за Охрид

    Љутков: Чекаме препораки од УНЕСКО за Охрид

    Имале визија, имале знаење: Пред 81 години основан Македонскиот народен театар

    Имале визија, имале знаење: Пред 81 години основан Македонскиот народен театар

    Музичката легенда Фела Кути станува првиот Африканец кој ќе добие Греми награда за животно дело

    Музичката легенда Фела Кути станува првиот Африканец кој ќе добие Греми награда за животно дело

    Викендов во Скопје саем на туризам: Рурални домаќинства на Македонија

    Викендов во Скопје саем на туризам: Рурални домаќинства на Македонија

    Греми 2026: Сцената се подига за Ози Озборн, Д’Анџело и Роберта Флек“ – Пост Малон и рок легендите го предводат трибјутот

    Греми 2026: Сцената се подига за Ози Озборн, Д’Анџело и Роберта Флек“ – Пост Малон и рок легендите го предводат трибјутот

    Санденс го обожава Пол Дано при првото јавно појавување откако Квентин Тарантино го критикуваше

    Санденс го обожава Пол Дано при првото јавно појавување откако Квентин Тарантино го критикуваше

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Љутков: Чекаме препораки од УНЕСКО за Охрид

    01/02/2026

    Имале визија, имале знаење: Пред 81 години основан Македонскиот народен театар

    31/01/2026

    Музичката легенда Фела Кути станува првиот Африканец кој ќе добие Греми награда за животно дело

    30/01/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.