Една петтина од бензинските пумпи во Франција останаа без барем еден вид гориво, изјави портпаролката на владата и министерка за енергетика Мод Брежон.
Таа појасни дека францускиот премиер Себастијан Лекорну во следните денови ќе претстави „нов пакет помош” за горивата, но прецизираше дека помошта.
нема да биде универзална и дека нема да има замрзнување на цените.
Брежон рече дека пакетот ќе вклучува специфични мерки за помош на потрошувачите погодени од моменталната состојба на пазарот на горива.

