Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Балетската класика „Жизел“ вечер на сцената на Националната опера и балет
    Култура

    Балетската класика „Жизел“ вечер на сцената на Националната опера и балет

    27/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведен романтичниот балет „Жизел“ од Адолф Адам – едно од највлијателните дела во историјата на класичниот балет.

    Диригент на изведбата е Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е поставена по оригиналите на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ од Хрватска.

    Во насловната улога – Жизел ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, додека во улогата на Алберт ќе се појави Балаж Лочеи. Мирта ќе ја толкува Илијана Данилов, а Хиларион – Бобан Ковачевски.

    Во изведбата учествуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

    Костимографијата и сценографијата се дело на Александар Ношпал, во соработка со Михајло Стојановски, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а дизајнот на светло го потпишува Милчо Александров.

    Балет за љубовта, измамата и прошката

    „Жизел“ ја раскажува трагичната приказна за младата селанка која се заљубува во благородник што го крие својот вистински идентитет. По откривањето на измамата, дејствието преминува во мистичниот свет на вилите – каде љубовта и прошката добиваат поинаква димензија.

    Лиричната музика на Адам и препознатливата кореографија го прават овој балет постојано присутен на светските сцени.

    Врв на романтичниот балет

    Премиерно изведен во Париз во 1841 година, „Жизел“ се смета за врв на романтичниот балет. Особено прочуениот втор чин – таканаречениот „бел чин“ – останува еден од најпрепознатливите симболи на класичната балетска естетика.

    Со својата драматуршка длабочина и визуелна поетика, „Жизел“ и денес претставува предизвик и инспирација за балетските ансамбли ширум светот.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Калиопи се враќа во арената: 17 октомври – вечер што ќе ја одбележи 2026 година

    Калиопи се враќа во арената: 17 октомври – вечер што ќе ја одбележи 2026 година

    „Сила“ на сцената: Филхармонија со моќна музичка вечер во чест на жената

    „Сила“ на сцената: Филхармонија со моќна музичка вечер во чест на жената

    Саем на мебел 2026: Пет дена дизајн, трендови и идеи за современо живеење

    Саем на мебел 2026: Пет дена дизајн, трендови и идеи за современо живеење

    Потврдена нова слика на Рембрант по двегодишно истражување

    Потврдена нова слика на Рембрант по двегодишно истражување

    Европска премиера на „Диџеј Ахмет“ во Брисел: Македонски филм во фокусот на европската публика

    Европска премиера на „Диџеј Ахмет“ во Брисел: Македонски филм во фокусот на европската публика

    Осум децении ДЛУМ: Уметноста како темел на културниот идентитет на Македонија  27 февруари 2026

    Осум децении ДЛУМ: Уметноста како темел на културниот идентитет на Македонија 27 февруари 2026

    балет култура љубов моб ноб сцена уметност
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Калиопи се враќа во арената: 17 октомври – вечер што ќе ја одбележи 2026 година

    03/03/2026

    „Сила“ на сцената: Филхармонија со моќна музичка вечер во чест на жената

    03/03/2026

    Саем на мебел 2026: Пет дена дизајн, трендови и идеи за современо живеење

    03/03/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Магнезиум Бисглицинат
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.