Последните деца кои се забавуваа во некогашниот Луна парк во Градскиот парк веќе станаа возрасни лица. Ќе имаат ли шанса барем нивните деца да се радуваат во одамна најавениот нов забавен парк оти стариот е срушен? Повеќе од една деценија се затвори стариот парк и неколку градски градоначалници на скопјани им најавува нов – кој ќе бил најдобар забавен парк на Балканот. Но, сега веќе и нема некои посериозни најави. За големи пари одамна се купени и дел од потребните реквизити за новиот парк, но засега скапуваат во некој магацин. Беше ветено и дека ќе се постават панорамско тркало, ролеркостер, пиратски брод, рингишпили и многу други забавни катчиња. И родителите и децата чекаат реализација на скапо платениот план, воедно со тага констатирајки дека барем стариот Луна парк да не го срушија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
