Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Лина Ѓорческа по голем борба поразена во финалето во Букурешт
    Спорт

    Лина Ѓорческа по голем борба поразена во финалето во Букурешт

    15/09/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалето на W 75 турнирот што се играше во Букурешт, за награден фонд од 60.000 долари. Поуспешна од неа беше актуелната јуниорска шампионка на Ролан Гарос Лили Тагер од Австрија со 2-1 во сетови (64 36 64). Со овој пораз прекината е низата од девет победи на македонската тенисерка, а на последните 20 меча Ѓорческа има 17 победи. Финалниот меч траеше 2 часа и 35 минути.

    Во првиот сет македонската тенисерка имаше предност од 2:0 и 3:2 во гемови, но во продолжението на сетот ривалката заигра подобро и сетот го заврши со 6:4 во гемови. Во вториот сет повторно идентична слика по 3:3 во гемови, но сега Ѓорческа имаше серија од три гема за да го добие сетот со 6:3 и да изедначи на 1-1. Во решавачкиот сет Лина поведе со 2:0 во гемови со што ја продолжи серијата од пет освоени гема. Но, завршницата на мечот и припадна на Тагер која по 4:4 во гемови ги освои последните два гема и го доби сетот.

    Ова за Ѓорческа беше петто финале во 2025 година или вкупно 40.то во кариерата, а има две турнирски победи во 2025 и вкупно 15 во кариерата.

    За пласманот во финалето на турнирот во Букурешт Лина Ѓорческа освои 49 поени и со 343 поени утре треба да се пробие на 207.то место на ВТА ранг-листата. Следната недела македонската тенисерка ќе настапи на турнир во Куршумлијска Бања.

    Поврзани вести:

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата, до крајот на сезоната го чека битка за напредок

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    (Видео) Фантастичен старт на Елмас: Македонецот го постигна првиот европски гол за Аталанта

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    Алкараз во последен момент потврди настап во Виена, се враќа по пет години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Арсими и Тиквеш со реми во Гостивар, по еден бод за двата тима

    19/10/2026

    Македонските ракометарки со прв собир пред настапот на ЕП 2026

    19/10/2026

    Дваесет и тројца навивачи на Хајдук обвинети поради инцидентите пред мечот со Ајакс

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.