Набавка на еколошки автобуси и редизајн на улиците за да станат пристапни за велосипедисти и пешаци. Ова го најави кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, при средбата со претставници од ЗИП Институтот и учесници во првото Граѓанско климатско собрание.
„Поддршка ќе добијат домаќинствата за премин кон еколошко греење, со субвенции и долгорочни решенија што ќе ја намалат зависноста од загадувачките извори. Ако сакаме почист воздух, мора да се справиме со реалниот предизвик, затоплувањето во домаќинствата. Тоа е нешто за кое зборував и пред пет години, и тогаш тоа не беше популарно. Денес е значајно за сите”, истакна Шукова.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
