Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»РАСТЕ МОЌТА НА ОПШТИНИТЕ СО РУДНИЦИ: 78% од концесиските приходи завршуваат во локалните каси
    Република

    РАСТЕ МОЌТА НА ОПШТИНИТЕ СО РУДНИЦИ: 78% од концесиските приходи завршуваат во локалните каси

    27/08/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Економската моќ на општините каде што работат рудниците расте. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во првата половина на 2025 година наплатило рекордни 546,9 милиони денари од концесионерите – дури 126% повеќе отколку во истиот период лани.

    Главниот дел од овие пари завршува токму во општинските буџети. Според важечката законска рамка, 78% од концесискиот надоместок останува во општината каде што е концесијата, а остатокот од 22% оди во државниот буџет. Така локалните власти добиваат директна финансиска инјекција за патишта, здравство, образование и заштита на животната средина – токму во време кога јавните пари се најпотребни.

    Зголемувањето на приливите произлегува од два клучни фактори: повисоките тарифи што ги плаќаат концесионерите и построгата контрола врз наплатата. Во почетокот на 2025 година МЕРМС усвои нов Тарифник, со кој надоместоците за експлоатација се зголемија и до 100%. На пример, концесискиот надомест за обоени метали скокна од 2% на 4% од вредноста на ископаниот минерал, а за мермерот на 5% од приходите.

    Новите правила се задржани и во нацрт-законот за рударство, кој е на јавна расправа. Со него се воведуваат построги механизми за наплата, казнени камати, листи на стратешки и критични суровини, како и можност за раскин на концесијата при неплаќање. Се зајакнуваат и обврските за заштита на здравјето и биодиверзитетот. Целта е јасна, Македонија се стреми кон одржливо рударство со транспарентно работење и видлив придонес за економскиот раст, и строги правила за заштита на здравјето на луѓето и животната средина.

    Четири општини – четири рударски стории

    Распределбата на парите од концесискиот надоместок веќе ја движи локалната економија – гради улици, реновира училишта, инвестира во јавна инфраструктура и еколошки проекти. Најдобар пример за тоа се три општини во Македонија каде рударството има клучно влијание на економскиот развој.

    Општината Македонска Каменица, со помалку од 7.000 жители, директно зависи од рударството. Рудникот САСА е најголем работодавач во регионот со околу 770–790 вработени, што претставува повеќе од половина од активната работна сила во градот. Во 2024 година, приходите од концесиски надоместоци во општината достигнаа речиси 107 милиони денари (околу 1,8 милиони евра). Од нив, 106 милиони денари произлегуваат од надоместокот за експлоатација на минерални суровини, кој тогаш изнесуваше 2%. Со оглед дека од 2025 година овој процент се зголеми на 4%, општината може да очекува значителен раст на приходите и дополнителна финансиска стабилност за финансирање на локалната инфраструктура и јавни услуги.

    Двете општини, Крива Паланка и Пробиштип, ги поврзува истиот концесионер – компанијата Булмак, која управува со рудниците Тораница и Злетово. Компанијата во рудниците двата рудника вработува над 800 лица, што ја прави најголем работодавач во регионот.

    Со околу 18.000 жители, Крива Паланка е дом на рудникот Тораница, со годишен капацитет од 320.000 тони. Рудникот е еден од најстабилните извори на приходи и работни места во регионот. Во 2024 година, општинската каса инкасирала околу 40 милиони денари по основ на концесиски надоместоци. Од нив, 32 милиони денари (околу 520 илјади евра) се само од експлоатација на минерални суровини. Со зголемувањето на тарифите во 2025 година, се очекува приходите да бидат речиси двојно повисоки.

    Традиционално рударски град со околу 13.000 жители, Пробиштип речиси целосно зависи од рударството. Во 2024 година, општината наплатила 23,7 милиони денари (околу 390 илјади евра) од концесиски надоместоци.

    Бучим од Радовиш пак, веќе најави дека очекува кон општините Радовиш, Конче и Штип каде работат рудниците Бучим и Боров Дол, да исплати концесиски надоместоци во висина од 181.7 милиони денари или речиси 3 милиони евра.

    Финскиот баланс – рударство и туризам заедно

    Финското искуство покажува дека рударството и туризмот не мора секогаш да бидат во судир. Во општината Киттила во Лапонија, во Финска, каде што е најголемиот ски-центар Леви, веќе повеќе од една деценија функционира и златниот рудник Сурикусусико. Рудникот обезбедува стотици постојани работни места и стабилна економска база за локалното население, додека туризмот продолжува да биде двигател на сезонските приходи. Општината инвестира во инфраструктура што служи и за туристите и за рударските семејства, а рударската компанија одржува постојан дијалог со локалните жители и дури нуди туристички тури во рудникот. Пример кој покажува дека со строга еколошка регулатива, транспарентна комуникација и активна улога на општините, рударството може да стане партнер, а не закана за туризмот. Пример кој и Македонија може да го земе како модел.

    Што ако ги снема рудниците?

    Економските показатели и историјата покажуваат дека рударството е една од најстарите и најважни индустрии која обезбедува суровини за градежништво, енергетика, технологија, здравството и за комуникациите. Денес минералите се сметаат и за стратегиско оружје за развој. ЕУ веќе ги вклучи оловото, цинкот и ретките метали во листата на критични суровини. Македонија, со своите ресурси и растечка регулатива за одговорно рударство, има потенцијал да биде стратешки партнер во европската приказна за суровинска безбедност.

    Поврзани вести:

    Облачно и ветровито време низ Македонија, ветерот ќе достигне до 60 км/ч

    Облачно и ветровито време низ Македонија, ветерот ќе достигне до 60 км/ч

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Облачно и ветровито време низ Македонија, ветерот ќе достигне до 60 км/ч

    22/09/2026

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    21/09/2026

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    21/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.