Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Поднесена кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
    Хроника

    Поднесена кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага

    13/08/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    СВР Тетово и Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал до Основното јавно обвинителство Тетово поднесоа кривична пријава против четири лица во врска со вооружената престрелка и убиството што се случи на 10.08.2025 во Тетово. Против Р.Т. (37) од Тетово, кој беше повреден во престрелката и сместен во медицинска установа во Скопје за укажување на помош, и против 15-годишник од с. Гајре, тетовско, кој беше лишен од слобода на 11.08.2025 во с.Гајре, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 3, потоа кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 и кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Против М.Т.(45) од Тетово и З.М. (37) од с. Гајре поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „убиство“ (во обид) по член 123 став 1 во врска со член 19, потоа кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 и кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    На 10.08.2025 на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, Р.Т. и 15-годишникот со употреба на автоматски пушки лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил „голф“, со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година, кое се затекнало во непосредна близина.

    Иако бил ранет од престрелката, З.М. и уште едно лице извадиле пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена. За сите осомничени од страна на надлежен судија е одредена мерка притвор од 30 дена. М.Т. и З.М. се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.