Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд во утринските и раните претпладневни часови, а во текот на денот се очекуваат повеќе сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, кој повремено ќе достигнува брзина над 60 километри на час.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од 6 до 19 степени.
По релативно топлиот ден, од почетокот на следната седмица следува значителна промена на времето. Во недела ќе има повеќе облаци, а дневната температура во главниот град ќе достигне околу 13 степени.
Во понеделник се очекуваат нови врнежи од дожд, а со продорот на постуден воздух од север, попладне на планините дождот ќе преминува во снег. Утринските температури ќе бидат значително пониски и на повеќе места ќе се доближат до нулата.
Од вторник ќе настапи стабилизација на времето, но со осетно заладување. Утринските температури ќе се спуштаат под нулата, а дневните во поголем дел од земјата ќе останат едноцифрени. Во Скопје во вторник се очекуваат максимални 8 степени и минимални до минус 3 степени.
Во среда ќе продолжи студеното време, а во втората половина од неделата се очекува постепен пораст на дневните температури, со повеќе сончеви периоди и променлива облачност.
